10. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Рампа на руски бакар и алуминиум

Лондон – Лондонската берза за метали (LME) денеска објави дека ќе го прекине прифаќањето на испораките на некои метали произведени во Русија до нејзините складишта во Британија.

Тие вклучуваат Норилски никел бакар и Русал алуминиум.

Суспензијата вклучува и олово произведено од АД Уралелектромед.

Извозот на сите пратки на алуминиум и бакар на Русал од Норилск Никел и АД Уралелектромед во одобрени складишта во Британија мораше да се изврши од Русија пред 25 март, наведе ЛМЕ.

Најавата доаѓа откако Обединетото Кралство на 15 март воведе дополнителна царина од 35 отсто за увоз на руски бакар, олово, примарен алуминиум и алуминиумски легури.

LME, најголемата и најстарата светска берза за трговија со метали, додаде дека нејзините одлуки нема да одат подалеку од она што го пропишуваат владините санкции против Русија.

Можеби ќе ве интересира

Пензионерите од следниот месец ќе се “офајдат” со 1.000 денари покачување

ДЕСК

Се токмат нови цени на горивата

ДЕСК

УЈП продаде запленет стан во Охрид, деловен простор во Струмица, земјиште во Прилеп – вкупно инкасирале 314.230 евра

ДЕСК