7. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Лукаревска: Имавме доволен број службеници за да не попречиме работата на маркетите

„Јас би била среќна да имаме 300 инспектори и контролори. Тие 300 луѓе кои вршеа контроли во маркетите не се сите инспектори, туку беа 300 даночни службеници – дел инспектори, но и конторлори и овластени службени лица. Тоа беше така направено за да можеме во пократко време да ги завршиме контролите и да не правиме штета на даночните обврзници“ рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска во „Економски магазин“ на АлсатМ.

Таа објасни дека во одредени маркети имало дури и по 20 службеници од УЈП, каде што заедно со вработените во маркетите ја констатирале моменталната состојба во маркетите и магацините.

„Ова беше обемна операција, која ја организирамве за кратко време. Правиме соодветни планови и анализи за како да изведеме вакви акции и во останатите маркети, но и да не ги запоставиме тековните процеси во управата“ рече Лукаревска.

Директорката на УЈП додаде дека нивна тенденција не било да се затвораат маркетите, туку на тие кај кои се пронајдени неправилности им биле изречени глоби.