24. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Градиме држава во која институциите се противник на корупцијата, а кога се појавува брзо да се открива и казнува

Ж„Тешко се менува перцепцијата кај граѓаните, особено кога тие се сведоци на ситна корупција секој ден, но и на поголеми скандали и судски случаи. Наша цел е да изградиме систем по кој ќе се постапува по овие случаи, редовно и на институционален начин“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на ТВ Шења.

Тој додаде дека не треба да се остави само на судот на јавноста и медиумите, кој е легитимен, но потребна е и правна разрешница за случаите на корупција.

„Системот на борба против корупција започнува со владините политики, инспекциите, министерствата со истражни надлежности и продолжува во обвинителството, а завршува на суд. Било кој од овие алки во системот ако делува споро или не делува како што треба, целиот систем не функционира“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот рече дека и Собранието има важна улога, бидејќи таму доаѓаат сите извештаии на државните институции и ги повика пратениците да ги користат сите свои можности за контрола и мониторинг.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Понижување на народот, власта се гоштева со бадеми и фстаци а граѓаните се оставени сами со скапотијата

C +

СДСМ: Учениците немаат учебници, власта излажа – Јаневска да понесе одговорност

C +

Мицкоски: Седум милиони евра за проекти за развој на Штип

C +