24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Маричиќ: Со Законот за клевета го штитиме угледот на граѓаните, но новинарите не смее да плаќаат драконски казни

„Со новиот закон за клевета излеговме во пресрет на новинарите и за 10 пати се намалува казната за клевета, со што тој е еден од најлибералните во Европа“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ за ТВ Шења.

Тој додаде дека целиот закон е правен по насоки од Европскиот суд за човекови права, Советот на Европа како и од праксата во судовите.

„Законот се повлече за да се корегира делот со грешката за негативното мислење, како и делот за таен извор, бидејќи секој извор е заштитен, без разлика дали е таен или не е таен“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека политичарите треба да трпат клевета и навреда на едно повисоко ниво, бидејќи тоа е дел од работата, но дека угледот и честа на луѓето сепак треба да бидат заштитени, а нашиот закон тоа го прави со граѓанска одговорност, а не кривично гонење.