Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Мафини со домашен крем од ванила

Ви пренесуваме рецепт за мафини полнети со домашен пудинг од ванила.

Додека ги печете ќе мириса цела куќа.

Состојки:

За тестото:

1 јајце

100 гр шеќер

100 мл млеко

200 гр брашно

12 g сода бикарбона

кора од еден лимон

За фил:

180 мл млеко

1 жолчка од јајце

3 лажици шеќер

1 лажица пченкарен скроб

2 лажици маскарпоне сирење

1 лажичка екстракт од ванила

Подготовка:

Најпрво подгответе го филот така што во тенџере ќе го ставите млекото, екстрактот од ванила, шеќерот, пченкарниот скроб и жолчките. Сè измешајте со рачен миксер, па мешајте на тивок оган додека не се згусне.

Тргнете го од оган, па додадете го маскарпоне сирењето и сè соединете. Оставете да се излади, а потоа префрлете го филот во шприц.

За тестото во сад ставете го целото јајце, шеќерот, млекото и маслото и сето добро изматете го. Изрендајте ја кората од лимон, додадете брашно и сода бикарбона, а потоа лесно измешајте со рачна маталка.

Калапот за мафини обложете го со корпи за печење, па наполнете ги со една лажица тесто, па со филот, а одозгора со уште тесто.

Се пече во рерна на 200 C околу 20 минути. По желба, пред послужување посипете ги со шеќер во прав.

Можеби ќе ве интересира

Дали сте шокирани од цената на црвеното месо? Овие три намирници се добри замени за протеини

ДЕСК

Колку време навистина може да ги чуваме јајцата во фрижидер?

ДЕСК

Од кујната на Давор: Како да подготвите посен колач со новиот оризов напиток од Виталиа?

C +