Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Захарова: Москва ќе преземе возвратни мерки по протерувањето на дипломатите од Северна Македонија

Русија ќе преземе мерки откако Македонија протера руски дипломати.

„Москва ќе биде принудена да преземе возвратни мерки по протерувањето на дипломатите од Северна Македонија“, објави руското Министерство за надворешни работи.

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова изјави дека ваквата одлука на Северна Македонија е непријателски чекор и продолжување на курсот кон „брзо распаѓање на билатералните односи со Русија“.

„Со приклучувањето кон русофобичната хистерија што ја започна Западот, Скопје ја потврди својата подготвеност непромислено да го жртвува суверенитетот и да носи одлуки кои се спротивни на јавното расположение и се во спротивност со основните национални интереси. Ќе бидеме принудени да преземеме мерки“, изјави Захарова, објави руското МНР.

Претходно, македонското Министерството за надворешни работи го повика амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин, кому му беше врачена дипломатска нота, со која петмина вработени во Амбасадата се посочени како непожелни или персона нон грата и мораат да ја напуштат земјава во наредните 5 дена.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВААТ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ И ГРМЕЖИ: Метеоцентар со детална прогноза која открива кога да очекуваме стабилизација и сончево време

ДЕСК

Нов ужас во Македонија: Ја грабнал од дворот и со ауди ја однел во напуштен објект каде ја тепал, па ја силувал додека била во бесознание

ДЕСК

Што значи дожд на Митровден: Каква година најавува овој ден?

ДЕСК

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.