23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАБИЗНИС

Битиќи: Во законот за минимална плата од 18.000 денари јасно стои дека ќе има усогласување на платите, има и период

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во денешната дебата на 24 телевизија со претставници на Синдикатите рече дека во Законот за минималната плата од 18.000 денари јасно стои дека ќе има усогласување за што има и период на усогласување.

„Никој не може да каже и од репрезентативните и од нерепрезентативните синдикати сите чинители кои што учествуваат во социјалниот дијалог дека ова не биле работите на кои што сме се договориле, ние кажавме да ќе има 18.000 затоа што тоа е праведно, правично и солидарно и како солидарно општество мора да го направиме и се усогласивме сите кога заврши минималната плата дека ќе го почитуваме членот 8. Ќе има усогласување затоа што тоа е доблесно и ние мораме да бидеме конзистентни во спроведување на законите кон сите. Тоа значи ќе ги нивелираме минималните плати дека во јавниот сектор нема да има плати кои што се под минималната плата од 18.000 денари. Усогласувањето ќе оди според членот 8 од законот за минимална плата и никој не бега од тоа“ рече Битиќи.

Тој додава дека Владата предводена од СДСМ цврсто стои зад овој став и додава дека е изненадување зошто се инсистира на брзи наместо на издржани решенија во услови кога е се договорено и кога социјалниот дијалог продолжува.

„Не можете да најдете ниту еден функционер на оваа влада кој што вели дека тоа нема да се направи, тој член вели дека има период на усогласување, но за жал некако забораваме декаа на 23.02 кога дојдовме до договор немаше војна и ние не бевме прогласени за непријателска земја за да некаде пред 3 недели тоа ни се случи, ние имаме војна, имаме драстично зголемена енергетска криза, имаме драстично удар на економската страна заради зголемување на цените во прехрамбениот сектор, запирање на вредносните ланци во сите сектори скоро и тоа бара прилагодување. Само 3 недели ни се случуваат различни работи, се што се договоривме одеднаш не доведе до ситуација да штрајкуваме и за нас тоа е навистина зачудувачки затоа што само пред месец ипол се договоривме дека да влегуваме во процес. Дури на последниот состанок на скономско социјалниот совет донесовме одлука дека дијалогот продолжува за жал на таквата одлука веќе беше највено дека да на 30-ти ќе има протест а ние се договоривме дека дијалогот ќе продолжи во секое едно ресорно министерство и никој не кажа дека не сакаме да преговараме.“ рече Битиќи.