23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев: Грција од политички противник, денес испорачува гаранции за безбедноста на земјата

„Решавањето на проблемот со името, преку Преспанскиот договор, постигна мулти-ефекти. Тие мулти-ефекти беа веднаш видливи со членството во НАТО. Веднаш се отвори целиот регион во форма на пријателство – наспроти непријателство кое што постоеше, макар и политичко помеѓу сите земји овде на Балканот. Така да, Грција, од еден политички противник со проблем, денес испорачува гаранции за безведноста на македонското небо“ изјави експремиерот Зоран Заев во документарниот филм „Патот до НАТО“ објавен од Нексус.

Тој додаде дека по потпишувањето на Преспанскиот договор веднаш се случија економските придобивки меѓу Северна Македонија и Грција и се постигна политичко пријателство меѓу земјите на Балканот.

„Важноста на придобивката дојде за нас од тоа што најмногу го посакувавме, а тоа е впишувањето во ОН, конечно со нашето уставно име. Ние бевме со референца, Поранешна Република. Не бевме ништо, Обединетите Нации во кои што членуваат преку 190 земји од целиот свет, ние бевме со референца“ рече Заев.

Поранешниот премиер додаде дека членството во НАТО значи и реформи, НАТО значи и владеење на правото, НАТО значи и успешна борба против криминалот и корупцијата, НАТО значи економски реформи во државата, но и подготвеност на нашата Армија.