Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните се тие кои одлучуваат за судбината на политичките партии, вели Ахмети по коментарот на Мицкоски

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети порача дека граѓаните се тие кои одлучуваат за судбината на политичките партии во државата и одредуваат кој ќе ја има одговорноста да владее. Неговата реакција следи по коментарот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој пред два дена за време на телевизиско гостување кажа дека правилото за коалицирање победник со победник не важи од оној момент кога Ахмети одлучил да направи влада со Зоран Заев.

Според Ахмети ова не е нешто ново, туку е веќе видено, иако со различни актери.

Во објава на социјалните мрежи, лидерот на ДУИ напиша дека гласот на граѓаните во едно демократско и мултиетничко општество е свет и одлучувачки и тоа мора да го почитуваат сите чија цел е еден ден да преземат одговорност и да ја водат државата.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.