25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мицокски го притиска СОНК да протестира, а неговата партија го блокира законот со кој на наставниците ќе им растат платите

Христијан Мицкоски го поттикнува Синдикатот за образование, наука и култура да протестира со барање за повисоки плати за просветните работници, а неговата партија цела година во Собрание го блокира законот со кој на наставниците ќе им се покачат платите и ќе им се реши работниот статус.

Лидерот на опозицијата во неговото интервју на ТВ21 изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи СОНК за протести со цел да се борат за раст на платите, но заборави да им каже дека токму неговата партија стои и прави се за наставниците да не добијат повисоки плати.

Со законските измени кои ги предложи Владата ќе им се обезбеди континуиран раст на платите и подобар статус на наставниците. Но, освен покачувањата на платите, во законот се предвидува и решавање на статусот на 4.700 наставници и стручни соработници кои во моментот се ангажирани на определено време. Со новиот закон тие ќе добијат решение за трајно вработување, доколку ги исполнуваат предвидените законски услови.

Сепак на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ очигледно не им одговара наставниците да земаат повисоки плати и да бидат политички независни, па со тактиките кои 11 години ги спроведуваа како режим, повторно се обидуваат да го партизираат секој дел од општеството.