26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Архива
МАКЕДОНИЈА

Приведени петмина скопјани кои користеле деца за питачење

Одделенијата за криминалистички работи во единиците за внатрешни работи при СВР Скопје, во содејство со Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Скопје, во текот на изминатата недела преземаа мерки и активности за спречување на „питачење“.

Притоа, лишени од слобода биле Џ.Ш.(20), С.Р.(20), Е.М.(32) и Ф.С.(20), сите од Скопје, и М.А.(46) од Охрид. Џ.Ш., С.Р., Е.М. и М.А. биле затекнати заедно со своите малолетни деца при питачење на крстосници и булевари на подрачјето на Скопје, со нив бил извршен службен разговор и по целосното документирање на случајот против нив ќе следат кривични пријави, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.201 од Кривичниот законик.

Ф.С. била затекната при питачење на крстосница од булеварите „Словенија“ и „Јадранска магистрала“, поради што била приведена и против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.