Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Утре со почеток во 10.00 часот, во организација на атлетски клуб „Фортиус“, ќе се одржи атлетска трка на 10 км – „Водно 10К“, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до Манастирот Св.Пантелејмон и обратно.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај, Единица за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Можеби ќе ве интересира

Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото

ДЕСК

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК