Оваа година ќе имаме зголемување од 5% на платите на сите во МВР. Нашите политики и нашите интенции се видиливи, и ако се погледне како стојат платите ќе видите дека растат значително платите во полицијата, рече министерот Оливер Спасовски во денешното гостување во Утрински брифинг.
„Еден полицаец имал плата во 2012 година од 18,335 денари, сега во 2022 има 22.787 илјади денари, а од септември, со покачувањето ќе има 23.883 денари. Или кај еден инспектор кој би имал над 28.000 денари плата. Значи имаме значителен раст на платите и секако дека нашата намера е да се зголемат платите.“ рече министерот Спасовски.
Тој додаде дека е подготвен и со Синдикатите да разговара за понатамошно покачување на платите.
„Ако зголемуваме плата од 5%, ако има бонус на платите секоја година, воведувањето на дневници кои се зголемени, говори за посветеноста, мотивираноста и вреднувањето на полициските службеници сега откако јас сум министер. Секако дека никогаш не е доволно но како се создаваат условите така растат и платите.“ рече Спасовски.