7. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Стоилковски не успеа да го спречи Каевски – во дворот на Белата палата се презентираше незаконското богатење на ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски повторно се обиде и не успеа да го спречи неговиот колега од СДСМ, Дарко Каевски да ги презентира криминалите и незаконските дејствувања на опозициската партија.

Каевски во дворот на Белата палата презентираше дека ВМРО-ДПМНЕ е типичен доказ како од од сиромашна партија се станува најбогатата партија во Европа преку криминал и корупција.

Додека тој ја држеше прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Стоилковски повторно покажа политичка некултура и домашно невоспитување и се обидуваше да го прекине и да зборува паралелно со него.

Сепак, дури и ваквото насилничко однесување на Стоилковски веќе не може да ја спречи вистината да излезе на виделина и граѓаните да дознаат за криминалите на ВМРО-ДПМНЕ.