25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Интензивно вложуваме во идејата едно општество за сите, градиме еднаквост и рамноправност за сите наши граѓани

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера присуствуваше на јавна дебата по повод 21 Март- Меѓународниот ден на лицата со Даунов Синдром, организирана од Здружението на граѓани „Исчекор- Општество за сите”, во Домот на културата 25 мај- Валандово.

„Меѓународен ден на лицата со Даунов Синдром, го одбележуваме не само со пораката дека интензивно вложуваме во идејата едно општество за сите, туку дека градиме еднаквост и рамноправност за сите наши граѓани преку нашите лични примери, преку донесените и применети социјални политики,“ истакна министерката Тренчевска.

Таа се осврна на воведувањето и примената на Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ) во нашата земја, и направените измени на правната рамка (закони и подзаконски акти) и воспоставување на стручни тела – служби за функционална проценка и јакнење на нивните капацитети.

„Со новиот начин на проценка се напушта стариот медицински модел на гледање на попреченоста, односно се заменува со не медицинско гледање кое ги проценува јаките страни и способности на децата и младите, како и потребната поддршка што детето треба да ја добие за да ужива еднакви можности како своите врсници и да може да го развие својот потенцијал,“ рече Тренчевска.

Таа посочи дека со социјалната реформа се воведоа две целосно нови услуги за лицата со попреченост – Лична асистенција и услугата Домашна нега. Правото за попреченост се прошири и за лицата со интелектуална попреченост, додека додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголеми до 50% од просечна нето плата. Воедно се воведе и таканаречениот траен надоместок за родител, кој се грижел за детето со попреченост до неговата 26 годишна возраст без да го смести во институција, кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 62 години за жена, односно 64 години за маж.

Во рамките на Проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за труд и социјална политика, во 18 општини развиени се нови даватели на социјални услуги, од кои 15 даватели на услугата за помош и нега во домот, еден Центар за дневен престој на деца со попреченост. Кај овие даватели на услугите ангажирани се 126 лица, кои даваат директни услугите за 279 корисници. од кои 189 се жени.

Министерката потенцираше дека процесот на преселба на корисниците од Специјалниот завод Демир Капија, продолжува.

„При крајот на 2021 година беа преселени вкупно 20 корисници во четири нови станбени единици за живеење со поддршка (во Демир Капија и во Неготино). Во јануари и февруари 2022 година, вкупно 15 поранешни корисници од заводот беа преселени во три станбени единици (во Демир Капија и во Велес). Сега во Март отворени се дополнителни две станбени единици за 10 лица во Општина Демир Капија. Воспоставувањето на новите единици се прави со финансиска поддршка од Европската Унија, и ќе продолжи со несмалено темпо и во 2022 година,“ рече Тренчевска.

Таа информираше дека, во јули 2021 година отпочнаа со работа и првите два јавни центри за поддршка на згрижувачките семејства во Скопје и во Битола (во поранешните резиденцијални социјални институции за сместување деца). Како и првиот приватен центар за поддршка на згрижувачките семејства во Скопје, раководен од граѓанска организација и лиценциран за давање на оваа социјална услуга. Трите центри за поддршка на згрижувачките семејства ја обезбедуваат оваа услуга за 327 згрижувачки семејства во кои се згрижени вкупно 559 корисници.

Министерката истакна дека во текот на 2022 година се планира и воведување на професионална рехабилитација и работно оспособување на лицата со попреченост , со што тие треба да станат конкуренти на пазарот и со тоа да се вработат но и да го задржат своето вработување.

Јавната дебата организира од страна на Здружението на граѓани “Исчекор- Општество за сите” Валандово и имаше за цел да ги запознае сите засегнати страни и чинители во општината со актулените политики, активности кои се реализираат, а се од големо значење за подобрување на состојбата на лицата со попреченост и нивното вклучување во сферите на општественото живеење.

Можеби ќе ве интересира

Министерката Тренчевска учествува на регионална конференција на УНФПА за родово одговорни политики во Истанбул

M T

Грковска и Тренчевска на средба со Сојузот на борци од НОАВМ: Значајно е место на борците во општествениот живот, ги одржуваат сеќавањата на историските придобивки

M T

Средба на министерката Тренчевска со амбасадорот Клеменс Која, шеф на мисијата на ОБСЕ, во заминување

M T

Тренчевска: Со потпишувањето на Меморандум за соработка со Министерството за семејство и социјална политика на Република Полска и размена на искуства, ги зајакнуваме нашите пријателски односи

M T

СДСМ: Идејата за референдум е само за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ

M T

Тренчевска од Полска: Социјалното претприемништво води до повеќекратни социјални решенија и отворање на работни места

M T