26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Владата ја продолжи забраната за извоз на пченица, јачмен, пченка и сончогледовите масла и семиња

Владата ја продолжи забраната за извоз на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед.

„Владата на денешната 31 седница, го продолжи рокот на Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки донесена на 26-тата седница од 11 март, со што ограничувањето за извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед, е продолжено до 15 април 2022 година“, информираа од владината прес-служба.

Со продолжувањето на рокот, на предлог на Министерството за економија, во консултации со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе се оневозможи извоз на овие продукти за да се спречат штетите што од тоа можат да настанат на домашниот пазар.

Министерот за економија, Крешник Бектеши истакна дека кога на домашниот пазар се очекува да настанат сериозни пореметувања поради недостаток на стоки, неопходно потребни за производството, преработката и за животот и здравјето на граѓаните, Министерството за економија може да и предложи на Владата да се изврши ограничување на извозот или увозот. Целта на оваа мерка, вели Бектеши, е заштита на домашниот пазар и граѓаните во време на криза за да се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните.

„Приоритет на нашата Влада е е да го заштитиме стандардот на граѓаните и да одржи економска стабилност“, рече Бектеши.