Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Три малолетнички повредени во сообраќаjна несреќа во Скопје

Во СВР Скопје вчера во попладневните часови била пријавена сообраќајна незгода на крстосницата од булеварот Босна и Херцеговина и сервисна улица.

Како што информираат од МВР, во инцидентот учествувале возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д. Т. (19) од Скопје, и два автомобила „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувани од Ј. Д. (29) и Ф. С. (56) од Скопје, по што удриле во тројца пешаци.

Во несреќата тешки телесни добилa малолетничка пешак, а повреди добиле уште две малолетнички пешаци, како и возачите Ј. Д. и Д. Т., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“, во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември“.

На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Малолетник нападнат среде бел ден во Ѓорче Петров

ДЕСК

Почината жена донесена во градска

ДЕСК

Метеоролозите со нови најави за времето – Метеоцентар со детална 4 дневна прогноза

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.