6. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ќе се укине сертификатот за влез во отворениот дел од кафаните

Без маски на училиште, без вакцинален сертификат во ресторан. Учениците од 1 до 9-то одделение да следат настава како и пред пандемијата, додека, пак, задолжителната обврска за носење на маски останува за наставниците и техничкиот персонал. Комисијата за заразни болести следејќи го трендот на паѓање на бројките на заразени денеска излезе со нови препораки за олеснување на мерките.

Право на избор е. Ако некој сака да носи маска, има дома возрасни членови на семејството и сака да ги заштити, не е забрането да носи маска, но задолжението, обврската ја укинуваме. Нема обврска за задолжително носење на маски во училиште, изјави проф. Др.Александар Петличковски, претседател на Комисија за заразни болести.

Иако ќе бидат без маски во училиште, изолацијата кога има заразен ученик останува иста – дома седат оние кои биле во непосреден контакт со заболениот. Од КЗБ со став дека со контрола на епидемиолошката состојба може и понатаму да има олабавување на мерките, но ќе се фокусираат и на вакцинацијата.

– На ваков начин, постепено олабавувајќи ги мерките согласно епидемиолошкиот ризик, доколку успееме да ја контролираме на терен епидемиолошката состојба, сметаме дека можеме не се доведеме во ситуација како што се доведоа земјите како што се Австрија, Германија, Велика Британија и Данска каде што имаше нагло зголемување на бројот на новозаразени, на хоспитализации и на починати, изјави Злате Мехмедовиќ, портпарол на КЗБ.

-Моменталната состојба ни дава простор да здивнеме, но апсолутно ќе се фокусираме на вакцинацијата која најдобра заштита, вели Петличковски.

Освен препорака за укинување на маските за основците и седење во отворениот дел на угостителските објекти без серитфикати, комисијата предлага и зголемување на капацитетите на исполнетост во кина, театри и други објекти каде се одржуваат настани.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ УТРЕ МОЖЕН ДОЖД, ОД ЗАДУТРЕ ТЕМПЕРАТУРИ И ДО РЕЧИСИ 40 СТЕПЕНИ – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК

ВМРО-ДПМНЕ: Владата активно презема мерки за поддршка на стопанството и за отворање нови работни места

C +

Тошковски за дивеењето на скопските улици: Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание

C +