25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

„Мекдоналд“ привремено повлече одредени производи во Австрија поради недостиг на продукти

Недостигот од одредени прехранбени производи деновиве го погодува и синџирот за брза храна „Мекдоналд“ во Австрија, пред сѐ, поради доцнењето во синџирот на снабдување.

Така, љубителите на брзата храна во „Мекдоналд“ повеќе не може да ги нарачуваат сите производи на менито бидејќи многумина го имаат знакот „распродадено“ или „не е достапно“.

„Омилените стандардни производи, како биг мек, чизбургер и слично, засега не се погодени“, вели Вилхелм Балдија, портпарол на „Мекдоналд“ во Австрија.

Тој рече дека привремено е прекината продажбата на одредени производи што се нуделе за појадок, како и одредени колачи и пити.

Тоа во најголем број се производи за чија подготовка е потребно брашно, додава Балдија.

Тој истакна дека ова нема никаква врска со војната во Украина, туку дека е доцнење во синџирот на снабдување.

„Нашите состојки најчесто ги купуваме во Австрија. Особено телешкото месо, компирите, јајцата и млечните производи“, објасни тој.

Балдија ги уверува љубителите на брзата храна дека целиот асортиман ќе биде повторно достапен веќе следната недела.