Centar.mk
БИЗНИС

Трамп драстично ги зголеми тарифите за Индија поради руската нафта

Белата куќа објави дека воведува дополнителна тарифа од 25 отсто за стоки од Индија, со што вкупната тарифна стапка против главниот трговски партнер на САД изнесува 50 проценти.

„Утврдувам дека индиската влада моментално директно или индиректно увезува нафта од Руската Федерација“, рече американскиот претседател Доналд Трамп во извршната наредба.

„Според тоа, и во согласност со важечкиот закон, стоките од Индија увезени на царинската територија на Соединетите Американски Држави ќе бидат предмет на дополнителна давачка од 25 проценти“, се вели во документот.

Трамп минатата недела објави дека Индија ќе плати тарифа од 25 проценти, со дополнителна „казна“ за купување руска воена опрема и енергетски резерви.

Но, во тоа време не беше јасно како би можела да изгледа таа казна.

Новата царинска стапка за Индија е меѓу највисоките што САД ги вовеле на кој било трговски партнер. Ова е најновиот сигнал дека Трамп ги исполнува заканите за казнување на земјите што купуваат руска нафта, откако ја засили својата реторика против Русија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃААТ ПАРИ ЗА ЛИЦАТА КОИ ПРИМААТ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

ДЕСК

Телеком влегува во партнерство со Министерството за дигитална трансформација и Британскиот совет за „Училишта на 21 век“

ДЕСК

Објавена листа со имиња на фирми и луѓе: Кој колку должи за данок кон државата?

ДЕСК