6. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведени две лица, пронајден хероин и 4.500 евра

Полицијата ги приведе Ш. И. (33) од Куманово и Р. З. (37) од Свети Николе. При преглед во возилото и нивен личен преглед кај Ш. И. биле пронајдени и одземени околу 35 грама хероин, а кај Р. З. биле пронајдени и одземени над 4.500 евра за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривично дело.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.