Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Средба на министрите за одбрана на Северна Македонија и Бугарија, Петровска и Заков на вонредниот состанок на НАТО во Брисел

На маргините на вонредниот состанок на министри за одбрана на НАТО земјите членки кој се одржува денеска во седиштето на Алијансата во Брисел, министерката за одбрана Славјанка Петровска се сретна со својот бугарски колега, Драгомир Заков.

Министерката Петровска најнапред му упати честитки на министерот Заков за преземањето на функција министер за одбрана и му посака многу успех во работата.

Двајцата министри за време на средбата истакнаа дека ова е предизвикувачко време за европската безбедност.

Петровска и Заков ја споделуваат загриженоста по безбедноста на континентот, но истовремено ја потврдија и силната определба на двете земји како сојузници да придонесат за одржување на стабилноста, мирот и безбедноста во регионот.

На средбата се дискутираше за продлабочување на одбранбената соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Министерот Заков упати покана до министерката Петровска за скорешна средба во Софија.

Можеби ќе ве интересира

ОБИД ЗА УБИСТВО ЈА ПОТРЕСЕ СТРУГА: Младо момче прободено со нож, братот соопшти дека го оперирале 9 часа

ДЕСК

УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК: Нека е за многу години Света Петка

ДЕСК

ФАТЕН СЕРИСКИ ОГРАБУВАЧ НА ПРОДАВНИЦИ ЗА БРЗИ КРЕДИТИ: Се бара притвор

ДЕСК