23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

„Возрасни посвојуваат возрасни“ – Откажани бизарни реални шоуа после три епизоди: „Морничаво“, „Ми се гади“

Новата ријалити серија „Возрасни посвојуваат возрасни“ предизвика толку бурни реакции кај јавноста што беше откажана по само три епизоди.

Новата серија повеќе не може да се најде на ниту една платформа за стриминг, ниту пак може да се купи некаде. Изгледа дека продуцентите сакаат да се преправаат дека серијата никогаш не ни постоела.

Серијата следи шест парови кои решиле да посвојат легално возрасно лице. Причините за тоа можат да бидат благородни, а судејќи според Фејсбук групите во кои поединци бараат семејства кои би сакале да ги посвојат, се чини дека оваа практика и не е толку необична.

Она што сепак ги згрози гледачите се епизодите кои ги следат Дени и Кристи од Охајо, кои решиле да ја посвојат бремената 20-годишна Илијана од Австрија.

Како што дознаваме од серијата, Кристи не сакала да има деца, но Дени наводно секогаш сакал да има ќерка. Начинот на кој Дени зборува за својата идна ќерка, додека камерата ја снима реакцијата на неговата сопруга, остава впечаток дека Кристи не е задоволна од оваа одлука.

Постои особено мрачна причина зошто Кристи не го поддржува ова посвојување.

Како што вели и самиот Дени, и претходно сакал да посвои возрасна девојка од соседството, но кон неа почнал да развива романтични емоции, па тоа посвојување не се остварило.

Гледачите мислеа дека истата ситуација ќе се случи и во случајот со Илијана, особено кога Дени на шега и кажува на сопругата дека ќе ја пречека ќерка си на аеродром со натпис „Добре дојдовте, каде е мојот фелацио?“.

Коментаторите на Тикток укажаа на несоодветноста на овој коментар, како и дека Дени премногу нагласува колку ја сака Илијана.

„Ми се гади од овој човек, сè што вели звучи непристојно“, „Ова е толку морничаво, тој ја избра вистинската ранлива жртва – бремена млада жена која нема никој никаде“, „Чекај, тој на шега спомнува фелацио, кој сака да го добие од ќерките? Одвратно и непростливо“, се само дел од коментарите кои се раширија на различни социјални мрежи.

Некои коментатори рекоа дека ова не е посвојување туку трговија со луѓе.

Продуцентите го прекинаа емитувањето на серијата по три епизоди, но како што многумина забележаа, ова откажување на серијата беше поинаку, бидејќи епизодите не можат да се најдат на стриминг платформите.

„Кога ќе ја откажат серијата, сè уште постои опција да се гледаат епизодите кои се емитуваат. Но, овде како да сакаа да се преправаат дека серијата никогаш не постоела, бидејќи не може да се купи или гледа никаде“, забележа еден Јутјубер.

Продукцијата како причина за откажување на серијата ја наведе „лошата гледаност“, иако е исклучително тешко да се поверува, бидејќи серијата со ваква контроверзна примеса беше тема на социјалните мрежи во последните денови.