6. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ до Арсовски: ВМРО-ДПМНЕ да побара од Ѓорѓиевски 100.000 евра наместо за партиски кадри да ги насочи кон граѓаните

Соопштение за јавност на СДСМ – реакција на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ:

ВМРО-ДПМНЕ да побара од Ѓорѓиевски 100.000 евра наместо за партиски кадри да ги насочи кон граѓаните

Додека од Белата плата глумат загриженост за граѓаните, шират лаги и невистини, нивните градоначалници ги расфрлаат народните пари на непродуктивни трошоци и партиација на општините.

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски од една страна се жали дека нема пари за струја и парно, а од друга троши 100.000 евра на авторски договори за ангажирање на партиски војници на ВМРО-ДПМНЕ, роднини, пријатели и медиумски мегафони на партијата.

Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижи за граѓаните треба да побара од Ѓорѓиевски наместо на партиски кадри да ги насочи овие 100.000 евра за граѓаните.

Светската економска и енергетска криза бара одговорност од сите, не само од Владата, која со пакетот од 26 антикризни мерки, во вредност од 400 милиони евра го заштитува стандардот на граѓаните и ликвидноста на економијата.