23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАБИЗНИС

СДСМ СО ДОБРА ВЕСТ: Усвоени законските измени за антикризните мерки на Владата, СДСМ го штити стандардот на граѓаните

Соопштение на СДСМ:

Вечерва Собранието ги усвои потребните законски измени за акцизите и за ДДВ, кои ги предложи Владата.

Со ова исполнети се правните услови за целосна реализација на антикризните мерки на Владата предводена од #СДСМ кои ги објави премиерот Димитар Ковачевски.

Со сет од 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра го штитиме стандардот на граѓаните и економијата а ги помагаме и компаниите, стопанството.

Го укинуваме ДДВ за основните производи храна. Лебот, брашното, маслото за јадење, млекото, шеќерот, месото, јајцата и оризот се опфатени со оваа мерка.

Ги укинуваме царинските давачки за увозот на основните прехранбени производи.

Ја намалуваме акцизата за горивата и го намалуваме ДДВ за енергенсите од 18 на 10%.

Без плаќање ДДВ при увоз на гас, електрична и топлинска енергија.

Силно ги субвенционираме граѓаните за електрична енергија која би била 80% поскапа доколку нема субвенции, ги поддржуваме финансиски ранливите категории на граѓани за струја и купување основни производи, а преку низа мерки ги одржуваме цените на основните производи стабилни.

Има мерки заштита на ликвидноста на компаниите и финансиска поддршка на стопанството.

Покрај овие мерки, ја покачивме минималната плата на 18.000 денари, воведовме финансиска помош од 3.000 денари за пензионерите и историски најмногу ги зголемивме пензиите.

Во услови на најголема криза парите ги насочуваме онаму каде што се најпотребни, кон заштита на стандардот на граѓаните и економијата.