Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

17-годишна девојка тешко повредена во сообраќајна несреќа

17-годишно женско лице било тешко повредено во сообраќајка на патот Битола – Прилеп.

Синоќа во 22:18 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот А3 Битола – Прилеп, патничко возило „опел“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.П.(41) од Демир Хисар удрило во животно и излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишна сопатничка, а со телесни повреди М.П.(65), и двете од Демир Хисар, констатирани во Клиничката болница во Битола.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Битола.

Можеби ќе ве интересира

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

C +

Инцидент во скопско село: Закани со огнено оружје по конфликт за паркинг

ДЕСК

Предновогодишна тепачка во угостителски објект во Скопје

ДЕСК