8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Груби – Тицински: Поддршка од Полска за Европската интеграција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби денеска оствари средба со амбасадорот на Република Полска, г. Војчех Тицински.

На оваа средба двајцата соговорници разговараа за ситуацијата во земјата, во регионот и воената состојба во Украина, вклучително и за бегалската криза, притоа истакнаа дека нашата земја е подготвена да стане дел од земјите кои ќе прифатат украински државјани/бегалци поради војната, додека првиот вицепремиер Груби го истакна ставот на Република Северна Македонија кој е во согласност со позициите на нашите стратешки партнери во НАТО и ЕУ.

Амбасадорот Тицински и потврди на Груби дека Полска ги поддржува европските перспективи на Република Северна Македонија, при што разговараа и за спорот со Република Бугарија, како и за можноста за еден конечен договор со цел земјата да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија бидејќи земјата и регионот не треба да се оставаат под влијание на други влијанија бидејќи Република Северна Македонија е ориентирана токму кон големото европско семејство.

Груби и Тицински разговараа и за важноста и спроведувањето на Охридскиот договор, слободите и човековите права и како ресор што ја покрива оваа област, првиот вицепремиер рече дека министерството за Политички систем и односи меѓу заедниците е отворено за соработка со сите заедници во земјата.

Двајцата соговорници Груби и Тицински за време на разговорот околу политичката состојба во земјата истакнаа дека фокусот треба да се стави на Собранието, повисок одраз на парламентарните партии во брзото спроведување на законите кои се во интерес на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ВО НАЈАВА – Синоптичарите излегоа со прогноза за следните 4 дена, чувајте се!

ДЕСК

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК