24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Производите што се извезуваа во Русија и Украина ќе ги извезуваме во други држави

„Во врска со пласманот на производи бараме начин каде да ги извеземе, веќе работиме на тоа и мораме да го решиме тоа. Погодени се голем број индустрии, Украина е извозник на челик и дел од нашите компании сега страдаат и бараат други компании во други држави од каде да го набавуваат.“- рече премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто на ТВ 24.

Потсети дека Северна Македонија застанала на страната на Украина затоа што ја почитува независноста на државата и затоа што делуваме според НАТО и ЕУ ставовите.

„Ние од самиот почеток застанавме на страната на Украина и го поддржавме територијалниот интегритет. Ние сме членка на НАТО и мораме да имаме координиран став. Исто како што ги усогласуваме ставовите со Европската Унија. Кога зборуваме за санкциите, тие санкции се однесуваа на санкции што ЕУ ги имаше воведено уште претходно и се однесуваа кон компании и лица кои ја поддржале акцијата во Украина. Потоа имаше и дополнитени санкции од европските држави. Секоја држава ја моделира надворешната политика согласно тоа што ни се случува. Земји кои го осудија нападот, нападите врз цивилни објекти, како земји кои ја поддржуваат независноста на Украина практично се стават на страната на заштита на животите во Украина.“- изјави Ковачевски