Триесет и петгодишен државјанин на Косово е приведен во Скопје, баран по централна потерница.
Н.Р. вчера бил фатен на ул. Кеј Димитар Влахов во Скопје, а бил баран по централна потерница од Основен суд Куманово за пресуда од една година казна затвор.
Лицето е спроведено до Казнено-поправната установа Куманово за понатамошна постапка.