11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Бесими-Ван Гелдер: Значајна поддршката од Светска банка за спроведување на реформите и во ковид-кризата

Македонија има значајна поддршка од Светска банка во спроведување на клучните реформи. Има спроведено над 60 проекти во вредност од над 2,8 милијарди американски долари и активно работи на девет проекти со вкупен износ од 480,8 милиони американски долари, кои се фокусирани во областа на енергетиката, дигитализација, инфраструктурни проекти, проекти во образованието и слично. Значајна е поддршката добиена од оваа меѓународна инститиуција и во справување со здравствено-економската криза од Ковид 19. Динамиката на реализацијата на проектите и можностите за нивно забрзување беа тема на денешниот состанок на министерот Фатмир Бесими со регионалната директорка за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер и директорот на СБ во земјава, Масимилијано Паолучи.

Соработката со оваа меѓународна финансиска инститиуција се темели на Стратегијата за партнерство на РС Македонија со Светска банка, која е посветена на областа на енергетската ефикасност, дигитализацијата, подобрување на патната и железничката инфраструктура, општинските услуги, проекти во образованието, социјалните услуги и слично.

Со поддршка од Светска банка се имплементираат девет проекти кои се однесуваат на воспоставување Интегриран финансиски систем за управување со информации – ИФМИС и Интегриран даночен информациски систем ИТИС, за модернизација на земјоделството, за унапредување на основното образование, за администрирање на социјалното осигурување, за поврзување на локални патишта, за олеснување на трговија и транспортот во Западен Балкан, за унапредување на социјалните услуги, за надградба и развој на патиштата – Ранковце – Крива Паланка, за подобрување на општинските услуги, како за справување со Ковид-19 во Северна Македонија.

На средбата беше укажано на потребата од преземање активности за забрзување на динамиката за реализација на проектите, за што беше изразена подготвеност од двете страни.

Во контекст на актуелната состојба со енергетската криза и растот на цените на енергенсите, особено по настаните во Украина, беше посочено на мерките што се преземаат за справување со енергетската криза и се упати на значењето на проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор во вредност од 25 милиони евра кој има за цел намалување на потрошувачката на енергија во јавниот сектор преку енергетско ефикасни инвестиции во општините.

Беа истакнати мерките што се преземени од страна на Владата во насока на заштита на животниот стандард и да се влијае да нема висок раст на цените на енергенсите, како и за пензиските реформи со утврдената нова методологија за пресметка на пензиите што треба да започне да се применува од октомври оваа година, а со која се обезбедува системско и одржливо решение за раст и исплата на пензиите.

Министерот потенцира дека како и за време на пандемијата, кога создадовме и имплементиравме пакети мерки за поддршка, проактивен однос Владата има и за енергетската криза, за што се следат состојбите и веќе се работи на дизајнирање мерки.

Влијанието од судирите во Украина се прелеваат во другите земји. Светска банка и ММФ работат за да го проценат економското и финансиското влијание на конфликот и бранот бегалци во останатите региони. Светска банка е свесна за потребите во регионот околу Украина и постои подготвеност да се помогне со ново финансирање, како и реструктирање на постојните активности.

Спонзорирано: