2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Светската банка останува посветена на поддршката на приоритетите на Владата

На денешната 21. седница на Владата беше презентирано портфолиото на Светската банка за Република Северна Македонија за тековниот период, како и за наредната фаза на соработката со оваа меѓународна финансиска институција.

Во презентацијата на Линда ван Гелдер, регионална директорка на Светската банка за Западен Балкан, и на Масимилијано Паолучи, директор на Светската банка во Северна Македонија, беше истакнато дека Банката продолжува да ги следи приоритетите на Владата, со поддршка што од 1991 години до денес изнесува 2,8 милијарди долари.

Актуелното портфолио на Република Северна Македонија опфаќа 9 големи проекти вредни 480 милиони долари, кои опфаќаат проекти од автопатната, магистралната и од локалната инфраструктура, проекти за унапредување на образованието, во здравството, како и проекти за социјална инклузија, информираат од Владата.

Светската банка, беше истакнато на презентацијата, заедно со Владата, останува посветена и на континуитетот на поддршката на платниот биланс на финансискиот систем и особено во проекти за инвестирање во човечкиот капитал во образованието, социјалната заштита и во здравството.

Можеби ќе ве интересира

Изгореа неколку куќи во Лисиче, има повредени

ДЕСК

Мицкоски: Илинден е симбол на жртвата која генерации пред нас ја дале за слободна Македонија – ова е ден кој нé обединува

ДЕСК

Одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

ДЕСК