23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Николовски: Ги помагаме граѓаните и фирмите наместо непродуктивно да трошиме

„Се подготвува анализа со таргетирани мерки за буџетска поддршка на стопанството и граѓаните. Во најбрзо време Владата ќе го дефинира пакетот на мерки, бидејќи со поддршка на стопанството, тоа ќе врати во државата“ рече минситерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој рече дека потребно е да се направат вистински анализи на потребите и сите заедно да го искористиме капацитеот и знаењето.

„Треба да се скратат непродуктивните трошења и да се креираат мерки кои ќе бидат од помош за граѓаните. Со развојот на малите и средните претпријатија се помага целата економија“ рече Николовски.

Министерот како успешен пример ја истакна програмата за развој на мали бизниси и поддршка од 10 илјади евра, при што во изминатата година и пол се отворени 67 семејни винарии кои откупуваат значаен дел од произведеното грозје.