Мажите родени во овој знак важат за најдобри партнери, бидејќи се многу мажествени и имаат силен љубовен инстинкт.
Ќе ве освојат во кревет и со нив никогаш нема да ви биде досадно.
Мажите родени во знакот Бик се познати како најдобри љубовници во Зодијакот. Во кревет се многу сензуални, страсни, нежни, креативни… Кога водат љубов не брзаат, сè прават полека и со посебно задоволство.
Со нив партнерката се чувствува како центар на светот, бидејќи Бикот ќе направи се за да ја усреќи.
Уште неколку причини зошто биковите се најдобри љубовници:
– многу се мажествени, тестостерон имаат во изобилство, а жените тоа инстинктивно го знаат,
– имаат силен љубовен инстинкт и потреба од физички допир,
– ненаситни се во кревет, толку многу уживаат во водење љубов што најсреќни се ако тоа трае со часови,
– како во храната, Биковите полека и со посебно задоволство уживаат во жените,
– никогаш не им е досадно за време на водење љубов – тие се непредвидливи.
Бикот е стабилен, силен знак познат по својата упорност, амбиција и тврдоглавост.
Мажот роден во овој знак е познат по својата искреност. Во неговите врски никогаш нема место за игри и не знае да лаже. Но, истото го очекува и од партнерот. Тој сака неговата сакана постојано да биде таква каква што е, без лаги и преправања, бидејќи во спротивно ќе ја изгуби довербата.
Кога влегува во врска, мажот Бик сака таа да се одвива полека, без притисок бидејќи не сака да брза кога е љубовта во прашање.