Кога сакаме да јадеме храна која го содржи овој витамин, најчесто мислиме на портокалите. Ова сочно овошје со пријатен кисело-сладок вкус содржи значителна количина на витамин Ц, но дали е еден доволно за да ги задоволи нашите дневни потреби?
За жал не. Просечниот портокал содржи околу 68 mg витамин Ц (според општите препораки, на мажите им се потребни околу 90 mg, а на жените околу 75 mg, на трудниците и на доилките малку повеќе). Сепак, тоа не значи дека нема корист од неговото јадење. Содржи влакна кои се неопходни за добро варење. Лимонот е исто така извор на витамин Ц, но значително помалку од портокалот (40 mg).
– Црвена пиперка (1/2 чаша): 95 mg
– Сок од грејпфрут (чаша): 70 mg
– Киви (средна големина): 64 mg
– Брокула (1/2 чаша): 51 mg
– Зелка (100 g): 50 mg
– Јагоди (100 g): 58 mg
Важно е да се знае дека витаминот Ц се уништува на високи температури, па затоа најдобро е храната да се јаде свежа, односно сирова или обарена. За да му обезбедите на вашето тело сè што му е потребно, најдобра е разновидна исхрана.