Српскиот претседател, Александар Вучиќ, во вечерашното вонредно обраќање до јавноста во врска со воениот конфликт во Ураина и последиците од него, изјави дека Србија на барање на Северна Македонија ќе испорача 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка.
„Ние денеска ги добивме потребите на Северна Македонија, тие од нас побараа да им испорачаме 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка и тоа можеме веднаш да им испорачаме, немаме проблем во врска со тоа. Тие купуваат пченка од нас и секогаш ќе имаме и за регионот и за нас – и за Северна Македонија, за Црна Гора, за Албанија и за БиХ“, изјави Вучиќ.
Според срспкиот претседател, Србија има доволно количини на пченка и нема да го ограничи извозот.