12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

(Видео) Шутаров: Арсовска да ја продолжи изградбата на Универзалната сала

Стручната јавност, архитектите, градежниците, статичарите ја демантираа Данела Арсовска и потврдија дека проектот за реконструкција на Универзална сала е по сите стандарди и е целосно безбеден, рече денеска Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје од редовите на СДСМ.

„Се расчисти маглата со која Арсовска се обидуваше да ја покрие сопствената незаинтересираност да го продолжи и да го заврши овој проект.

Нема веќе простор за оправдувањата околу неработата и прекинувањето на овој проект.

Арсовска треба да им се извини на граѓаните и веднаш, без одлагање да продолжи со реализација на реконстрикцијата на Универзална сала“, рече претставникот на СДСМ кој подвлече дека Универзалната сала е симболот и душата на Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Упорно бараме декласификација на материјалите

C +

Филипче: После 10 дена пожар во Вардариште и неколку дена во Дрисла граѓаните практично се гушат

C +

Филипче: Жалам што вчера премиерот кажа дека нема намера да се интервенира во цените на производите

C +