23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Посветено работиме на мерки за економска поддршка граѓаните, домаќинствата и стопанството

Премиерот Димитар Ковачевски во обраќање до граѓаните денеска рече дека владата ја следи сотојбата во Украина и случувањата на глобалната економија и посветено работи на мерки за поддршка на граѓаните, стопанството и домашната економија.

Поради воените дејствија на Русија против Украина, глобалната енергетска и економска криза сега се продлабочува. Нѐ очекува неизвесна година каде економијата во Европа и светот ќе претрпи штети, рече Ковачевски додавајќи дека Владата ќе одговори соодветно.

-Владата одблиску ги следи промените во светските економски текови и како и досега ќе делува максимално одговорно и во најдобар интерес на заштита на домашната економија и финансиската состојба на граѓаните. Очекуваното глобално влијание врз покачување на цените на основните прехранбени производи и енергенсите што би значело продлабочување на постоечката енергетска криза, е нешто за кое ние како Влада сме апсолутно подготвени и ќе одговориме соодветно. Сите мои секојдневни разговори со членовите на владата се фокусирани на следењето на состојбите со струјата, гасот, енергетиката и економијата, како во земјата, така и во регионот. Посветено работиме на мерки за да го намалиме притисокот врз граѓаните, домаќинствата и стопанството, рече премиерот Димитар Ковачевски.

Во обраќањето до граѓаните Ковачевски истакнува дека правилно поставената стратегија на владата во оваа исклучително криза години овозможува сите ресурси да се насочат кон поддршка на граѓаните и стопанството и дека во оваа насока ќе продолжи да делува
-Досега, преку правилно поставената стратегија во оваа исклучително кризна година, ние како Влада инсистиравме и овозможивме сите ресурси и енергија да се насочат кон справувањето со кризата и економска поддршка за граѓаните и стопанството. Ги покачивме платите, ќе се покачат пензиите и финансиски ги поддржуваме компаниите. Така ќе продолжиме и понатаму, вели Ковачевски.

Премиерот Ковачевски рече дека безбедносната состојба во земјава е стабилна и дека не постои безбедносна закана и додаде дека Владата внимателно ја следи ситуацијата во Украина и редовно ги информира граѓаните.