24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски – Задорожњук: Руската агресија врз Украина е закана за мирот во Европа и светот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ја прими амбасадорката на Република Украина, Наталија Задорожњук.

Амабасадорката Задорожњук на средбата ја изрази благодарноста на владата на Украина за јасната и решителна позиција и за поддршката на Владата на Северна Македонија за нејзината земја и како особено значајно го оцени приклучувањето на Северна Македонија кон санкциите на ЕУ кон Русија.

Премиерот Димитар Ковачевски во разговорот истакна дека Република Северна Македонија го осудува чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина и нагласи дека постапката на Руската Федерација со директен напад врз територијалниот интегритет и суверенитет на Украина е флагрантно кршење на меѓународното право.

Ковачевски потенцира дека Северна Македонија ги поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признатите граници и дека, како и другите НАТО-сојузници, ја оценува агресијата врз Украина како закана за мирот во Европа и светот.