24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Милевски го прими косовскиот колега Дамка: Заедничка цел е максимално користење на ИПА фондовите

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, и министерот за регионален развој на Република Косово, Фикрим Дамка, денеска се сретнаа во Клубот на пратеници, во знак на соработката меѓу двете министерства во спроведувањето на проекти за регионален развој и за споделување -скуства во функција на зајакнување на административните капацитети.

Милевски појасни дека Северна Македонија поради големите развојни разлики меѓу одделни делови, со Закон има воспоставено 8 плански региони и досега само со Косово, како што рече, имаме имплементирано вкупно 20 проекти во вкупна вредност од 7,4 милиони евра, меѓу кои и стратешкиот проект, граничниот премин Белановце-Станчич.

„Она што е важно за оваа програма е дека подготвуваме нов, последен јавен повик кој треба да биде објавен за околу еден месец, во вредност од околу 3 милиони евра. Очекуваме голем број партнерства и апликации од двете земји со проектни предлози во областа на заштитата на животната средина, на културното наследство и за развој на туризмот. Целта е да работиме на зајакнување на нашите административни капацитети за побрз развој на регионот со максимално користење на средствата од ИПА-инструментот на Европската Унија. Нашите две држави, општините, граѓанските организации и институциите имаме воспоставено одлична соработка во спроведувањето на ИПА проектите за прекугранична соработка уште од 2010 година“, истакна македонскиот министер.