23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ЛОКАЛНО

Апсис: Арсовска ја покрива својата неспособност, проектот за Универзална сала е стручен

Изјава за медиуми, Анжелика Апсис, советничка во Советот на Град Скопје:

Данела Арсовска денеска изнесе голем број невистини за проект кој не засега сите Универзална сала.

Арсовска го стопираше проектот за иградба на Универзална сала за кој владата обезбеди 2 милиони евра.

После двомесечен молк за причините заради кои го стопирала проектот, денес излезе со целосна невистина во јавноста.

Не е точно дека проектот за изградба на Универзална сала е небезбеден. Проектот е професионално сработен и одобрен низ повеќе постапки од стручни лица и целосно е безбеден.

Самиот проект уште на почетокот е пратен на мислење на Градежен факултет од каде е одобрен и тоа одобрвуање Град Скопје го има.

Понатаму, Пратен и одобрен е и од Институтот за сеизмолошки истражувања со што се потврдува неговата безбедност и стабилност за градба.

Надзорот на изградбата ги има исто така одобрено сите градежни зафати. Не постои ниедна постапка или процедура за изградба на Универзална сала која не е запазена во целост.

Записници за технички решенија во тек на градба не се и не може „градежен безбедносен проблем“ да бидат оправдување за неспособноста на Арсовска.

Престанете со сите овие невистини. Скопјани веќе го изгубија трпението. Треба да го сработите тоа за кое сте избрани.