Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ речиси цела година го блокираат предлог законот за наставници и стручни соработници, а целата јавност деновиве виде дека се подготвени да применат и физичко насилство само да не се усвојат овие измени, соопшти СДСМ.
„ Блокадите, срамното однесување и одбивањето да земат учество во обезбедување на подобар стандард за сите покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ не сака наставниците да земаат повисока плата. Зошто само ВМРО-ДПМНЕ е против зголемување и континуиран раст на платите на над 2.700 наставници и стручни соработници во основно и средно образование?
Зошто ВМРО-ДПМНЕ се против обезбедување на правна и економска сигурност на наставниот кадар и да им се овозможи вработување на неопределено време како што ги држеа во неизвесност и ги злоупотребуваа нивните гласови во времето на режимот? Зошто ВМРО-ДПМНЕ се противат наставниците да добиваат додаток за работа и против овозможување на кариерен развој на наставниците? И зошто им пречи наставниците што предаваат изборни предмети за првпат да можат да добијат трајно вработување?
ВМРО-ДПМНЕ повторно демонстрира дрско, срамно и безобразно однесување кое е на штета на наставниците и целиот образовен систем. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ нема да дозволи да успеат блокадите и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ.
Овие измени ќе бидат донесени, ќе има повисоки плати за 27.000 наставници, ќе има трајно вработување за 4.700 наставници во основното и средното образование“ порачаа од владејачката партија.