Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Бујар Османи повикан во итна посета на Украина

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, ги повика шефовите на дипломатиите на Шведска Ан Линде, на Полска Збигњев Рау, и на Северна Македонија Бујар Османи, итно да ја посетат Украина за утврдување на фактите во рамките на механизмот за рано предупредување на ОБСЕ.

„Ја поканувам тројката на ОБСЕ, Ан Линде, Збигњев Рау и Бујар Османи, да оствари итна посета на Украина за утврдување на фактите во рамките на механизмот за рано предупредување, активиран од страна на генералниот секретар на ОБСЕ Хелга Шмид, минатата недела“, напиша Дмитро Кулеба на Твитер.

Инаку, тројката на ОБСЕ ја сочинуваат актуелниот претседавач (Полска – 2022), претходниот (Шведска – 2021) и идниот (Северна Македонија – 2023).

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСВРТОТ КОЈ СИТЕ ГО ОЧЕКУВАМЕ ДОАЃА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ПАДНАТ И ДО 10 СТЕПЕНИ – Метеоцентар за дождовите и грмежите и доаѓањето на посвежо време, детална прогнозае

ДЕСК

Демант: Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, станува збор за вежба на МВР

ДЕСК

АПЕЛ ОД СВР СТРУМИЦА: Доколку се наоѓате во струмичката населба Софилар веднаш напуштете го тоа подрачје – настанат е пожар

ДЕСК