5. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Денеска пролетни температури: Од понеделник очекувајте голем пресврт

Времето претпладне сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Во Скопје, претпладне сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и со слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер.

Во вторник се очекуваат пообилни врнежи кои поради заладувањето на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. Ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика температурите да бидат пониски и во следните денови.