Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и на продолжението на Комисијата за образование, наука и спорт покажаа дека се против повисоки плати за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта.
Со измените на Законот за наставниците и стручни соработници над 27 илјади наставници и стручни соработници ќе добијат повисоки плати, а на дури 4700 од нив работниот однос ќе им се трансформира од определено, на неопределено време.
Сепак, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ грижејќи се само за теснопартиски интереси ја блокира дури и распавата за овој закон, а не пак неговото носење и спроведување.
Опозицијата цела година го блокира овој закон, попречувајќи ја работата на Комисијата, а ситуацијата ескалираше денеска кога со викање и закани, целосно деградирајќи го Собранието се обиде да исценира инцидент.
Со ваквиот однос пратениците од опозицијата покажуваат колку тие се грижат за наставниците и дека доколку некоја мерка за доброто на граѓаните не им носи нив политички поени, тогаш тие се спремни да ја блокираат.