1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Приведени двајца криумчари на мигранти, поднесена кривична пријава

Регионалниот центар за гранични работи Југ, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, поднесе кривична пријава против А.Р.(23) и А.Б.(28), двајцата од с.Студеничани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ казниво по член 418-б став 2 од Кривичниот законик. Пријавените, на 16.02.2022 во 20.50 часот на автопат Гевгелија – Демир Капија, кај клучка Миравци, движејќи се со патничко возило „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал првопријавениот, не застанале на знак за запирање од полициски службеници. Набргу потоа, возилото го оставиле на автопатот и се дале во бегство. Во возилото биле пронајдени девет лица – мигранти (7 од Индија и по едно лице од Авганистан и од Пакистан), а исто така, по преземени мерки и активности биле пронајдени и пријавените кои биле приведени во полициска станица.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +