Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Николовски: 20 отсто во БДП доаѓа од земјоделеството, ова е сектор каде што постојано делуваме

„Земјоделството е скетор во кој што постојано треба да се делува и да се креираат мерки и политики. Дваесет отсто од нашиот БДП доаѓа од земјоделството, најголемиот дел од работоспособното население е во земјоделството“ кажа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовкски за ТВ Стар.

Тој додаде дека ова е едно од најкомплексните сектори и министерства, но најави дека Владата ќе продолжи со нови мерки политики, како и со развојни модели.

„Земјоделството треба да се остави надвор од политиката, особено од партиското влијание заради било чии интереси. Професионалноста и стручноста ќе бидат наградени во министерството. Не е ова време за политизација на секторот, во време на светска здравствена и енергетска криза“ кажа Николовски.

Тој додаде дека Владата на СДСМ за 300 отсто ги зголеми субвенциониите за земјоделците и најави дека помошта за земјоделците ќе продолжи и во иднина.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ до ВМРО ДПМНЕ: Доста глумите опозиција – Каде е Наум Стоилковски со репортажи во живо да каже дека гори на 20 локации?

ДЕСК

Скопје како Бејрут: Скопјанец среде Карпош претепан од повеќемина, а потоа му го демолирале и возилото

ДЕСК

Пронајден починат маж од Неготино – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК