10. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ само бараат пари од Владата, а ништо не работат

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ништо немаат сработено во првите 100 дена од мандатот ниту за граѓаните ниту за општините, обвинуваат од СДСМ.

„ Граѓаните сведочат само на оправдувања за нивното неработење и партизација на општинските администрации. Единственото нешто што го прават се неработа, недостаток на проекти и барања за финансиска помош, додека кај нив не постои никаква иницијатива да се вклучат во справувањето со економската и енергетската криза.

Владата предводена од СДСМ постојано ја покрива нивната неспособност. Така беше за парното во Скопје, така и со мерките за енергетска криза, општините на ВМРО-ДПМНЕ не преземаа ништо за граѓаните. Наследија полни буџети и голем број започнати проекти од претходните локални власти и оние поддржани од централната власт, но не реализираа ништо.

Данела Арсовска е прв пример за неработа и неспособност. Ништо не сработи за три месеци освен што нивелираше шахта и постави мобилни тоалети и се прогласи за ненадлежна за се останато. Ги излажа скопјани дека ги исчистила депониите, а во секоја општина има депонија.

Скопјани ги остави без парно среде енергетска криза, па Владата презема мерки и обезбеди греење. Со нивната неспособност и неработа во првите 100 дена се покажаа како најнеуспешните градоначалници во историјата“ се наведува во партиското соопштение.

Можеби ќе ве интересира

Чувајте се, афричкиот топол бран чука на врата, температурите ќе достигнат и до 40°C – Метеоролозите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

ДИК оддржа седница по распишувањето на Локалните избори – донесени 12 точки на дневен ред

ДЕСК

АВМУ ќе врши мониторинг на медиумското известување во предизборниот период

ДЕСК