„Сигурен сум дека е невозможно да се направи во 100 дена тоа што беше презентирано на партиски настан, а не директно пред граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ“ кажа градоначалникот на Валандово и потпретседател на СДСМ, Перо Костадинов во „Топ тема“ на Телма.
Тој додаде дека првите сто дена се кратко време за да се реализираат и да се видат дел од проектите, бидејќи тогаш се поставуваат контурите на тоа што следува.
„Објаснете ми кои 33 градинки ги направивте во држават за само 100 дена. Во моментов во Валандово се асфалтираат улици за кои постапката е почната 2-3 месеци пред локалните избори. Има големи процедури, ставање во програмите кај советите, па тендерирање, претходно изработка на проектна документација, а не пак изградба на капитални проекти, што вие ги промовирате за реализирани“ му рече Костадинов на неговиот соговороник Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.
Костадинов додаде дека партискиот настан на ВМРО-ДПМНЕ за стоте дена мандат на градоначалниците е само помпа, бидејќи се презентираа проекти за кои започнале процедури, а се презентирале како завршени.