8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Георгиевски контра антикорупционерите: Не сум го оштетил буџетот на Гази Баба

Поранешниот градоначалник на Гази Баба, Борис Георгиевски реагира на денешната информација од Државната комисија за спречување на корупцијата дека дозволил бесправно да се изгради продажбено-изложбен салон за автомобили злоупотребувајќи ја службената положба и овластување. Пријавата против него ја доставил советник во Општината од минатиот состав.

-Во врска со веста дека антикорупциската комисија поднела инцијатива пред јавното обвинителство за објектот на ВОЛВО, ја информирам јавноста дека како градоначалник ниту го имам оштетено буџетот на општината, ниту пак сум овозможил некое правно лице да се стекне со противправна имотна корист. Најодговорно тврдам дека сите акти на Општината се во согласност со Закон, а доколку сегашниот градоначалник смета дека е поинаку, во секое време може да ги поништи сите акти донесени од мене. Градоначалникот не ги води постапките сам, за законитоста на постапките потврдуваат стручните служби на општината, вели Георгиевски.

Можеби ќе ве интересира

Авион веднаш по полетувањето од скопскиот аеродром се судрил со јато птици по што се вратил и безбедно слетал

ДЕСК

Жената го прободе сопругот, а тој претходно ја фатил за врат – драматична ноќ во Македонија

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Млад скопјанец со автомобил удрил во бетонска жардињера, со болничка е пренесен во градска

ДЕСК