8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Минималната плата ја покачивме на 18.000 денари, следува раст и на пензиите

„Со зголемување на платата на 18.000 денари, исполнивме уште едно ветување дадено пред граѓаните. Веќе од мартовската плата, 80.000 работници ќе добиваат зголемени месечни примања за околу 45 евра.Со последното зголемување, денес, минималната плата е двојно поголема отколку пред четири и пол години кога таа изнесуваше 8.800 денари“, истакнуваат од партијата на власт.

Според СДСМ, покрај растот на платите, следува и раст на пензиите. Веќе се работи на нова методологија објаснуваат од оваа партија со која ќе се обезбеди одржливо зголемување на сите пензии во државата, како и финансиски пакет за помош заради здравствената и енергетска криза.

Тоа, според нивните оценки ќе значи повеќе пари во домашните буџети на околу 330.000 пензионери.

„СДСМ во изминатите години покажа дека е можно да платите и пензиите да растат со побрзо темпо, а при тоа да не се крати од важните капитални инвестиции. И во време на криза, продолжуваме да инвестираме во заштита и унапредување на животниот стандард на граѓаните“, посочуваат од владејачката партија.

Можеби ќе ве интересира

Министерот Тошковски на отворањето на Adria Security Summit 2025: Безбедноста е темел на довербата, развојот и квалитетот на живот

ДЕСК

Филипче: Власта создава економски хаос, над 700 милиони евра долг кон фирмите

ДЕСК

Филипче: СДСМ има јасна прoграма за решенијата во Визбегово

ДЕСК